Aлтернатива бара да ѝ се раскине договорот и да ѝ се одземе лиценцата за работа на компанијата “2SS Security”

од Nikola Popovski
343 прегледи

Настаните во последните денови покажуваат јасни симптоми на криминалното владеење на дваесетгодишното едноумие на ДУИ, каде навлегувањето во секоја државна институција на дело докажува невидена криминлана тенденција. Токму оваа узурпација на системот го имаме предвид кога како опозиција инсистираме да имаме наш член во ДИК, кој ни следува со закон, велат од партијата Алтернатива.

Случајот со бруталниот напад на контролорите на летови откри дека овој случај, додаваат од партијата, кој можел да предизвикува трагични последици и закана за националната безбедност, е овозмошен од обезбедувачкиот персонал на компанијата “2SS Security” кои, иако биле должни, не го спречиле овој напад.

-Ситуацијата станува уште појасна сега кога јавноста знае дека сопственикот на оваа компанија e близок со лидерот на ДУИ. Како да се ова не е доволно, вчера во Гинеколошката болница во Клиничкиот центар во Скопје, обезбедувањето – зачудувачки, и во оваа болница тендерот за обезбедување го има истата фирма – претепале постар човек без никаква причина. Според информациите со кои располагаме ние, еден од обезбедувачите дури не располага ни со лиценца неопходна за обавување на оваа професија, соопштуваат од партијата на Африм Гаши.

Алтернатива итно бара на компанијата “2SS Security” да ѝ се раскине договорот за обезбедување на просториите на МНАВ.

-Апелираме до Министерството за внатрешни работи и до релевантните инситтуции да превземаат соодветни мерки за утврдување на нашите тврдења и на компанијата да му биде одземена лиценцата за работа. За крај и едно наградно прашање, дали некој го видел Ислам Абази, или да не се самокиднапирал?! Што уште треба да се случи за овој господин да постапи согласно неговите законски обврски што ги има?!, стои во соопштението на опозициската партија.

Слични содржини