Алтернатива: Благодарност до Лога што се гордее со нашата работа

од Vladimir Zorba

Министерот за правда, Кренар Лога, вчера соопшти дека го финализирале текстот на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени. Иако не го спомна, можеби од ненамерен заборав, овој Предлог-закон го подготви поранешниот директор на Управата за водење на матични книги, Блерим Абази, соопштија од Алтернатива.

Директорот Абази во соработка со сите надлежни институции и локални и меѓународни организации го имаше финализирано текстот на Предлог-законот, додека по излегувањето на АлтернАтивА од владата, оваа работа ја продолжи неговиот наследник на оваа функција и сега веќе и министерот за правда е горд на ова достигнување, велат од партијата на Гаши.

„Колку за информација, за времето додека Блерим Абази беше на позицијата директор на Управата за водење на матични книги, регистрирани се 30 лица кои имале недостиг на евиденции, 28 такви решенија биле готови, додека 317 лица се евидентирани во посебна матична книга, како и 166 лица кои биле со некомплетирани документи. Ова беше причина што во соработка со УНХЦР се побарани и пронајдени сите овие лица и се известени за комплетирање на документите со цел решавање на нивните предмети. Дополнително, поранешниот директор Абази го бранеше овој Предлог-закон и пред Комисијата за политички систем на Собранието и остана само фазата на гласање и преминување на пленарна седница.
Сепак, драго ни е што предлогот е веќе подготвен да помине и без разлика кој го подготвил и кој сака да ја земе заслугата, важно е што преку оваа измена ќе придобиваат многу граѓани кои немале евиденција во матичната книга“, истакнуваат уште од партијата.

Слични содржини