Алтернатива: ДУИ на „рамизмерковци“ е синоним на корумпирана партија

од Vladimir Zorba

„Најголемиот проблем на владеењето на ДУИ е корупцијата. Тоа вчера го потврди и нашиот стратешки партнер. После Холандија, и САД му стави печат на ДУИ како партија со корумпирани кадри кои влијаат врз правосудството. Ова е невиден скандал досега во нашата политичка сцена“, соопштија од Алтернатива на прес-конференција.

„Сепак ова за нас не е ниту новост ново изненадување. Рамиз Мерко е само една нишка во големата пајажина на корупцијата што ДУИ ја создаваше изминативе 20 години. Секако, зачудува фактот што МВР и Јавното обвинителство уште молчат. Толку ли им вреди власта на тие луѓе, што треба да се потчинат на уцените на двојката Ахмети-Груби?

Забраната за влез во САД за високиот функционер на ДУИ од Струга, моментално градоначалник на општина Струга, токму поради корупција и влијание во правосудството, за нас е уште еден доказ зошто треба да инсистираме да се прифати нашиот предлог-амандман за уставно санкционирањев на предметите поврзани со корупција, така што тие никогаш ќе можат да застарат. Овој скандал ја објаснува и причината зошто ДУИ и СДСМ одбиваат да го прифатат овој амандман.

Во овој случај, оставката на овој човек од функцијата градоначалник на Струга е последната чест што тој може да им ја направи на стружани, но се поставува прашањето каков е ставот на министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, кој е овластено лице на Мерко во владата, во однос на оваа одлука на САД и на нивниот шеф, Али Ахмети?

Како и да е, ние очекуваме Јавното обвинителство и МВР да преземат мерки, додека ДУИ ќе даде отчет до кога ќе владее со корупција и влијание над правосудството и тоа да го продава со патриотски ноти“, порачаа од Алтернатива.

Слични содржини