Алтернатива го одложи состанокот, утре ќе донесат одлука дали ќе се приклучат кон Владата

од Берта Китинска

Заради ситуацијата и пречекот на  посмртните останки од загинатите граѓани во трагичната автобуска несреќа во Бугарија закажаниот состанок за денес е презакажан за утре во 18 часот во Тетово, велат за „Локално“ од Алтернатива.

Според најавите партијата требаше денеска да донесе дефинитивната одлука за тоа дали ќе биде дел од Владата.

Лидерот Африм Гаши имаше три средби досега со претседателот на СДСМ Зоран Заев на кои се дискутираше за учество на Алтернатива во Владата и поддршка на нивните четворица пратеници.Лидерите на СДСМ и Алтернатива беа крајно воздржани за содржината на разговорите.

Од Алтернатива велат дека засега немаат закажано нова средба со Заев.

Слични содржини