Од партијата Алтернатива вечерва соопштија дека Централното претседателство го овластило лидерот Африм Гаши да разговара со премиерот или новиот мандатар за можен влез во Владата и за како што викаат „за излез на земјава од кризата“.
-Констатирано е дека нашата земја е во голема енергетска, политичка и здравствена криза. Од овој ќор-сокак мораме некако да излеземе. Како највисоки партиски органи ја согледавме ситуацијата и вечерва разговаравме за можен влез во Владата. Сметаме дека треба да им дадеме шанса на стабилноста и европските просперитет на Македонија. Централното претседателство на Алтернатива го овласти претседателот на партијата да започне разговори со премиерот или новиот мандатар за ја слушнеме нивната верзија. Понатаму конечен став околу тоа ќе даде Централното раководство, информираа од партијата вечерва на прес-конференција.