Алтернатива одлучи да се приклучи на Владата

од Nikola Popovski

Партијата Алтернатива соопшти дека ќе се приклучат на Владата.

-Централниот совет на партијата вечерва со мнозинство гласови одлучи да бидеме дел од оваа Влада и од актуелното парламентарно мнозинство. Алтернатива успеа да докаже дека не е декор со четири пратеници, изјави портпаролот на партијата, Орхан Муртезани на прес-конференција.

Тој исто така информираше дека утре во Клубот на пратеници, лидерот на партијата Африм Гаши ќе го потпише договорот со премиерот Зоран Заев, по што ќе се изнесат повеќе детали околу влегувањето на партијата во Владата.

-Кај нас ќе следува внатрепартиски разговори, на кои ќе се одлучува за кадровските решенија. Вечерва не се зборуваше за ресорите, рече Муртезани.

Слични содржини