Алтернатива пред одлука дали ќе влезе во Владата

од Берта Китинска

Алтернатива во 18 часот има закажано седница на Централното претседателство, што беше одложена поради тридневната жалост и автбуската несреќа во Бугарија во која загинаа 45 патници.

Членот на Алтернатива и пратеник Скендер Реџепи Зејд изјави дека утревечер членовите на Централното претседателство треба да му дадат насока на Централното собрание, највисок орган на партијата, и тоа ќе донесе одлука дали тие ќе станат дел од Владата и парламентарното мнозинство или ќе останат дел од опозицискиот блок.

„Верувам дека во еден дијалог ќе ги соочиме сите аргументи „за“ и „против“ и дека ќе биде донесена соодветна одлука“,вели Реџеп за МИА.

Негов став е, како што вели, доколку Алтернатива донесе одлука да стане дел од Владата, да ѝ се даде предност на програмата на партијата пред позициите на власта.

Влезот на Алтернатива во владината коалиција ќе значи власта од 60 пратеници да се искачи на 64 и да го има мнозинството во Собранието.

Слични содржини