Алтернатива: Владата функционира најнормално, нема причина за реконструкција

од Берта Китинска
274 прегледи

Владата функционира најнормално, нема причина за реконструкција, велат од партијата на Африм Гаши за „Локално“ во врска со информациите во медиумите дека во политичките кругови веќе започнало да кружат информации дека Владата планира да направи мини реконструкција откако министерот за локална самоуправа и лидер на ЛДП, Горан Милевски соопшти дека се повлекува од владиниот кабинет.

-Сега за сега владата функционира најнормално и нема никаква причина за некој вид на реконструкција. Нашите министри, Беким Сали и Адмирим Алити, се меѓу најуспешните кадри не само од Алтернатива, туку и во целата Влада. Затоа не гледаме никаква причина за отварање вакви непотребни теми, информираат од Алтернатива.

Според информациите во медиумите Владата размислува да направи промена во министерствата каде има двајца кадри од Алтернатива, а станува збор за министер за здравство Беким Сали и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити. Меѓу споменатите се наведува и името на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Како главни кандидати за местото на Сали досега се спомнуваа тројца познати доктори и директори на клиники и болници: Софија Пејкова, Милена Стевановиќ и Христијан Костов.

Б.М.

Слични содржини