Алтернатива: Владата нема ефективни политики за соочување со економската криза, да се зголемат пензиите и социјалната помош

од Vladimir Zorba
1,7K прегледи

Во време кога имаме висока акциза и ДДВ за нафтените и енергетските деривати, кога високата цена на електричната енергија и горивата се рефлектира во високата цена на основните производи, особено на прехранбените производи, единствените кои сè уште не разбираат дека тоа ù штети на семејната економија се функционерите на Владата на Република Северна Македонија. Дополнително на ова, зголемувањето на ДДВ од 5% на 10% за производите продолжува да биде во спротивност со замрзнувањето на цените, бидејќи ефектот од зголемување на ДДВ продолжува да се чувствува во зголемувањето на цените на основните производи, што претставува оптоварување врз џебот на граѓаните уште повеќе, соопштија од Алтернатива.

„Ова уште еднаш нè убедува дека оваа Влада нема ефективни политики за соочување со економската криза, а нејзината фискална и менаџерска политика сериозно ја оштетилa прехранбената индустрија и, следствено, имаме намалување на производството и зголемување на извозот, што влијае исто така и во зголемување на животниот стандард. Дури и во извештајот на Светската банка се вели дека инфлацијата и понатаму е висока, а економскиот раст за 1.8% до крајот на годината е најнизок во регионот.

Овие се причините што нè принудуваат да заклучиме дека дури и антикризните мерки што ги најави Владата се задоцнети и не го даваат посакуваниот ефект. Предлог на Алтернатива, во овие услови, е финансиска помош со доделување на ваучерите за социјално ранливите групи, категориите со пониски примања и пензионерите. Сметаме дека треба да се зголемат пензиите и социјалната помош. За информации за јавноста, 29% од пензионерите во земјава примаат минимална пензија од 13.000 денари, што е недоволно за опстанок во овие услови. Наша проценка е дека минималната пензија не треба да биде помала од 18.000 денари (300 евра), што е 80% од минималната плата во земјата и ова зголемување треба да биде линеарно и кај просечната инвалидска пензија и кај повисоките пензии. Ако сакаат решенија за благосостојба на граѓаните, секогаш има алтернатива“, се додава во соопштението.

Слични содржини