Алтернативни факти – топ цитат за 2017 година

од Vladimir Zorba
76 прегледи

 

Њу Хевн, Конектикат — Употребата на терминот „алтернативни факти” од Келијан Конвеј, советник на американскиот претседател Доналд Трамп, е на врвот на листата  најзначајни изјави што ги одредиле од Универзитетот Јејл за 2017 година.

ЛИСТА

1. – Шон Спајсер, нашиот прес секретар даде алтернативни факти, Келијан Конвеј, во изјава дадена за Ен-Би-Си, емисија „Meet the Press”, 22 јануари.

2. – Алтернативни факти не се факти, тоа се лаги, невистини, Чак Тод, изјава во истата емисија „Meet the Press,” 22 јануари.

3 – Ве повикувам да верувате, Барак Обама, поранешен американски претседател во последниот говор: – Ве повикувам да верувате. Не е во моја моќ да донесувам одлуки, туку тоа е во ваша моќ. 10 Јануари

4. – Го отпуштив шефот на ФБИ. Тој беше луд, откачен. Се соочив со голем притисок поради Русија. Тоа е завршено, Доналд Трамп, американски претседател образложувајќи потег за сменување на Џејмс Коми, 10 мај

5. – Со респект за жените кои дадоа изјави, господин Вајнстин верува дека сите тие односи биле со взаемна согласност, Сали Хофмајстер, портпаролка на Харви Вајнстин, 10 октомври.

6. – Да ја направиме нашата планета повторно голема, Емануел Макрон, француски претседател во изјава дадена откако САД се повлекоа од Парискиот климатски договор, 1 јуни

7. – Не може затвореници да управуваат затвор, Роберт МекНеир, сопственик на Хјустон Тексанс, тим од американски фудбал кој објаснува протест за време на интонирање химна, 27 октомври.

8. – И наградата на Академијата….за најдобар филм….Ла Ла Ленд, Ворен Бити и Феј Данавеј кои по грешка прочитаа погрешен победник за најдобар филм за време на доделување Оскари, 27 февруари

9. – Срамота е, Белата куќа стана центар за згрижување стари лица, Боб Коркер, републикански сенатор од Тенеси (Твит), 8 октомври

10. – Во светот има многу пари, Лоренс Лухринг, трговец со уметнички дела, како реакција на продажбата на слика најверојатно од Леонардо да Винчи за сума над 450 милиони долари, 16 ноември.

MIA