Алтернативни методи за лекување на габични инфекции

од Milan1
59 прегледи

Алтернативните методи за лекување на габични инфекции со користење на сода бикарбона, јаболков оцет и кокосово масло се популарни меѓу луѓето.
(Фотографија на Pexels)

Алтернативните методи за лекување на габични инфекции со користење на сода бикарбона, јаболков оцет и кокосово масло се популарни меѓу луѓето.

– Иако некои од овие состојки имаат одредени антигабични својства, нивната ефикасност во целосно лекување на овие инфекции не е научно докажана.

Сода бикарбона може да помогне да се намали влагата во стапалата, што донекаде го спречува размножувањето на габата, но не ги убива, не навлегува длабоко во ноктот и не може да ја излечи инфекцијата.

Јаболковиот оцет има малку кисела pH вредност, што создава неповолна средина за раст на габите, но не може да ги елиминира.

Кокосовото масло не ги елиминира габите, но може да ја намали непријатноста при благи инфекции и да помогне во хидратацијата на кожата, вели д-р Ѓорѓе Крстиќ, дерматолог, а пренесува „Политика.рс“.

Слични содржини