Пати ли вашиот миленик од желудечни проблеми? Испробајте го ова решение

Луѓето не се единствени на кои понекогаш можат едноставни домашни лекови да им помогнат во лекување на варењето и проблеми со желудникот.

Иако сите домашни лекоби на можат да се применат во лекување на вашиот четвороножен миленик, еден е испробан и делува при ублажување на проблемите со варењето кај луѓето и кај животните, а тоа е сода бикарбона.

Правот кој го користиме за чистење, нега на лице, печење колачи, делува и кај тегобите со желудникот и подригавицата и кај животните, вели ветеринарката Тина Хоелсчер.

Сода бикарбоната ја неутрализира киселината која се создава во желудникот па ја смирува желудечната слузница и хранопроводот.

Како ќе знаете дали вашиот миленик има воспаление на желудечната слузница?

Ветеринарката вели дека знаците вклучуваат повраќање, зголемено пиење вода, потиштеност и одбивање на храна. Истите симптоми се јавуваат и кај подигавицата, која ја предизвикува струењето на желудечната киселина во хранопроводот.

За лекување на мали животни со сода бикарбона, измешајте мала количина, онолку колку собира на врвот од ножот, во нивната храна. Или, уште подобро, растопете ја во вода и со шриц дадете му ја на миленикот, еден час по оброкот.

Оние кои преферираат точни количини, можат да измерат 50 милиграми сода бикарбона по килограм телесна тежина и да ја даваат на животното на секои 12 часа.

Лекувањето на ваков домашен начин не би смеело да биде долготрајно решение. Доколку симптомите на гастрит кај вашиот миленик не се повлечат по два дена, однсете го на ветеринар.

Сода бикарбона како лек помага при неутрализирање на кислеината во системот за варење. Таа делува како антиасид и е во состојба да разбие масни наслаги, така што храната полесно се вари, без притисок и болки во стомакот.

Како лек се користела во стар Египет. Сода бикарбоната ги шири крвните садови и лесно го отпушта кислородот во органите.

Слични содржини