Ама лесно е Заев да се критикува

од Vladimir Zorba
104 прегледи

 

Ние забораваме дека владата на Заев е формирана само пред шест месеци и тоа по крвавиот четврток на 27ми април во Собранието на Македонија.
Пред тоа, и во процесот на формирањето влада, Заев демонстрираше две нешта кои беа незамисливи во Македонија.
Прво ,покажа дека на Македонија и е потребен лидер со налудничава храброст за да се победи режим со пенкало на избори.
И второ. Македонија не морала да чека уште 10 до 20 години за да се надминат етничките поделби и мобилизации за време на избори. Тој покажа дека со превземање политички ризик и со јасна визија можни се граѓански политички партии кои обединуваат и обезбедуваат гласови не на етничка основа туку врз основа на концептот “едно општество за сите”.
По формирањето влада се зафати со еден од најгорливите проблеми на земјата како што е подобрувањето на односите со соседите и отворање на земјата за соработка со клучните меѓународни фактори.
И не само што го потпиша храбро Договор за пријателство со Бугарија туку на земјата и обезбеди меѓународна подршка каква што никој не можеше да замисли.
Владата им даде приоритет на некои од своите изборни ветувања како што е зголемувањето на најниската плата, решавање на проблемот со стечајците, укинување на екстерните испити и на радиодифузната такса, враќања на евтината тарифа за струјата и сл.
Сето тоа помогна на неодамна одржаните локални избори неговата политика да добие огромна подршка и да се спречат обидите на старата власт за враќање на режимот.
На тие избори се засили граѓанскиот концепт на земјата и прв пат видовме меѓуетнчки коалиции пред првиот круг.
Во Македонија денес граѓаните веќе не се плашат од власта а судството полека но сигурно се ослободува од притисокот на претходната власт и суди реално.
Како што сите се разбираме во фудбал и како што сите знаеме подобро од било кој селектор кој треба да биде во репрезентацијата така и во политиката секогаш знаеме дека некој друг би бил подобар од оние на кои им е дадена шанса. И тука селекторот нема да им погоди на сите.
Но да се кажува дека ова од владата сега за сега е малку и дека можеби не биле реални очекувањата, мислам дека е малку престрого.
Отворени се многу сериозни процеси на промени во Македонија кои заслужуваат подршка.
А дали во овој почетен период ќе има и радикални промени во земјоделството, образованието, здравството е исто толку важно колку што е важно дали владата ќе реализира поголем број на проекти од режимот на Груевски.
Не може вие да барате од градоничалниците да имаат визија за градовите во следните 20 години наместо да реализираат проекти а од премиерoт да барате реализација на проекти а да не ја забележите визијата за земјата која што ја нуди и која се реализира

Фејсбук статус на Ѓорѓи Спасов