Амал Клуни веќе нема да биде претставник на Велика Британија поради „Брегзит“

од Vladimir Zorba

Амал Клуни, истакната активистка за човекови права, поднесе оставка од функцијата специјална претставничка на Велика Британија за слобода на медиумите во знак на протест против плановите на Лондон за кршење на меѓународното право преку законот за внатрешна трговија.

Адвокатот и сопругата на холивудскиот актер Џорџ Клуни ги оцени како „тажни“ плановите на Борис Џонсон да го наруши договорот за одвојување од ЕУ.
Во писмото испратено до министерот за надворешни работи, Клуни наведува дека внатрешниот закон што ги регулира трговските односи меѓу Велика Британија и Северна Ирска и ги крши одредбите од договорот за Брегзит, ќе претставува „кршење на меѓународното право“.

„Иако Владата изјави дека планираното кршење на меѓународното право е„специфично и ограничено“, за жалење е што Велика Британија дури зборува за својата намера да го наруши меѓународниот договор потпишан од премиерот пред помалку од една година“, рече таа.

„Бидејќи не добив никакви уверувања дека „секоја промена на ставот е можна“, немам друга алтернатива освен да дадам оставка“, додаде таа.

Оставката на Клуни дојде откако службеникот на британската влада задолжен за Шкотска, лорд Кин, поднесе оставка во знак на протест против законот, а една недела пред него, истото го стори и главниот адвокат на британската влада, Џонатан Џонс.

Слични содржини