Кинеската новела која ја доби Hugo наградата во 2015 година, „The Three-Body Problem“ би можела да стане новата хит серија на Amazon. Извештајот на Financial Times тврди дека Amazon е спремен да плати до 1 милијарда американски долари за да ги добие правата за екранизација на оваа книга.

Amazon во „The Three-Body Problem“ гледа наследник на „Game of Thrones“ и доколку биде изведена серијата како што треба, би можела да биде златен рудник за нив.
Според извештајот на Financial Times, интернационални инвеститори се спремни да му помогнат на Amazon да ги купи правата на научно-фантастичната книжевна трилогија на авторот Сиџин Лу, „Remembrance of Earth’s Past“, или како што е подобро позната по првата книга, „The Three-Body Problem“. Amazon сака да направи серија од три сезони од овој книжен серијал и да ја емитува серијата на нивниот стриминг сервис.
Вестите кои доаѓаат од Кина велат дека YooZoo Pictures останува единствениот сопственик на правата за телевизиска и филмска екранизација на „The Three-Body Problem“ и засега нивниот претставник нема коментар за тоа дали оваа компанија би соработувала со Amazon во екранизацијата за американски пазар или само ќе ги продаде правата.
Amazon, слично како и Netflix, заработи многу пари во последните неколку години од нивната стриминг платформа, па затоа големите суми кои се спомнуваат не треба да бидат изненадувачки.
Неодамна Amazon плати 500 милиони долари за да ги добие правата за екранизација на две сезони од телевизиска серија базирана на познатата книга „Lord of the Rings“ на Толкин.