Amazon направија нов патент кој покажува дека компанијата има намера во блиска иднина да креира летечки магацин. Мали дронови ќе бидат товарени со пратките директно од овие летечки магацини и ќе ги дистрибутираат пратките до купувачот. Магацинот кој лета ќе биде едно од првите летала, цепелин.
Идејата на Amazon ќе зависи од успешноста на предвидувањата. Летечкиот магацин треба да биде наполнет со производи кои ќе бидат брзо купувани. Со ова се овозможува брза достава на сите производи.
Иако Amazon го има веќе постигнато дел од оваа замисла, како носење на пратка во Велика Британија преку дрон, летечкиот магацин ќе биде еден нов концепт на брза пратка.
Еден од примерите е можност за достава на производи на некој настан. Еден од настаните како пример е спортски настан каде што гостите ќе сакаат да купат некои грицки за да го проследуваат мечот.
По случајот на Amazon исто така се шпекулира дека и Starbucks може да имаат систем на деливери со дронови, а Domino’s Pizza веќе имаат доставено пица преку дрон во Нов Зеланд.
Беркан Асановски