Амбасада на САД во Србија: Ние сме длабоко загрижени

од Vladimir Zorba

Американската амбасада во Белград денеска соопшти дека внимателно ги следат настаните во последните две вечери во Белград и другите градови во Србија.

Амбасадата исто така наведува дека тие се длабоко загрижени за појавата на насилство.

„Ние ги осудуваме сите форми на насилство, вклучително и на она што ни се чини дека се координирани напади врз полицијата што се чини дека предизвикуваат прекумерни реакции, како и прекумерна употреба на сила од полицијата“, се вели во соопштението на американската амбасада.

Сепак, додаваат дека слободата на изразување и правото на мирно собирање се во суштината на секоја демократија и дека Америка е земја која моментно се соочува со предизвици во однос на граѓанските протести и немирите.

Загриженоста и дебатата за суштината на овие работи во Србија и на други места во светот – за тоа како една земја може да ги спаси своите луѓе од најсмртоносната пандемија на нашето време – се сериозна работа и мора да биде дел од мирна и разумна дебата на национално ниво, се вели во соопштението.

„За да се започне ваков дијалог во Србија, потребно е слободно медиумско опкружување и реформи во областа на владеењето на правото“, заклучи американската амбасада.

Слични содржини