Амбасадата на САД потврди дека биле техничка поддршка на вчерашната акција за запленетата дрога

Министерството за внатрешни работи во соработка со Американската амбасада  и Агенцијата за борба против наркотици, спроведоа акција во која беше запленета марихуана вредна 800.000 евра. Истото е потврдено и од Американската амбасада во Скопје, која за СДК ја потврди информацијата.

„Во овој случај, како и во случајот со пасошите, работевме заедно со МВР и дадовме техничка поддршка“, велат од амбасадата на САД.

Според одредени медиуми, а по објавата на министерот, Оливер Спасовски, дека е уапсен и еден полициски службен, се вели  дека уапсениот е командир на Полициската станица во Прилеп. МВР најави повеќе детали за акцијата за денеска.

Што се однесува до акцијата „Двојник“ пак, од амбасадата за Радио Слободна Европа вчера наведоа дека не коментираaт за активни истраги, но дека работат одблиску со Министерството за внатрешни работи, како и со други владини министерства и институции во Северна Македонија.

Слични содржини