Америка како Северниот пол: температури до минус 51 степен

од desk2
133 прегледи

Делови од САД зафатени се со многу ниски температури, а во северна Минесота ветрот ја спушти температурата на дури минус 51 степен.

Американските племиња на староседелци во горниот Среден Запад во САД им помагаат на лушето носејќи им работи за греење поради се постудените временски услови кои го зафатија тој регион.

https://twitter.com/ARSondag/status/1090479842359951360

Во индијанскиот резерват во Дакота, голем број луѓе живеат во со децении стари згради кои се трошни или во куќи кои ги изградила владата за случаи на природна катастрофа, како урагани, пренесе АП.

Племенскиот водач Елиот Ворд наведува дека тие објекти не се прикладни за екстремно ниски температури и силни ветрови, во регионот каде температурата отишја на – 39 степени Целзиусови.

Во северна Минесота ветрот температурата ја спушти на дури -51 степен. Крис Фербенкс, една од надлежните староседелви во Минесота, рече дека ситацијата е страшна и дека властите се трудат да помогнат.

Температури значително под нулата ќе почувствуваат најмалку 55 милиони луше, наведе порано BBC и додаваат дека вонредна состојба прогласена е во Високнсин, Мичиген, Илиноис, АЛабама и Мисисипи, а властите во Ајова ги предупредија граѓаните при престој на отворено да не вдишуваат длабоко и да не зборуваат многу.

Повеќе илјади училишта се затворени, главно на северозападот на САД.

Американскиот метеоролошки завод објави дека само 10 минути престој на вакво студено време може да доведе до сериозни измрзнатини.