Американец добил 450.000 долари по роденденската забава што не ја сакал

од Vladimir Zorba

Еден човек во Кентаки минатиот месец бил награден со стотици илјади долари во правна битка против неговиот работодавец, кога поротата утврдила дека тој неправедно го отпуштил затоа што бил вознемирен поради роденденска забава во канцеларија.

– Кевин Берлинг, кој боледува од анксиозно растројство, побарал од својот работодавец да не му прави роденденска забава. Меѓутоа, лицето кое беше одговорно за организирање на роденденските забави целосно заборавило на неговото барање – изјави адвокатот на Берлинг.

Она што се случи е дека Берлинг доживеал напад на паника и за време на забавата истрчал кон својот автомобил да се смири пред да се врати во канцеларија за своите деловни обврски.

Следниот ден, менаџерите на Берлинг во Gravity Diagnostics го поканиле на состанок за да разговараат за инцидентот и со цел раководството да го казни, што резултирало со нов напад на паника, рече неговиот адвокат.

– Го обвинија дека им ја „украл“ радоста на другите колеги – ја раскажа адвокатот реакцијата на еден менаџер по неуспешната роденденска забава.

Тој додаде дека договорот на неговиот клиент бил раскинат три дена подоцна преку електронска пошта во која се наведува дека е опасен за своите соработници. Компанијата во која работел несреќниот човек соопшти дека Берлинг бил „насилен“ за време на состанокот и ги натерал надзорниците да се плашат за нивната безбедност, поради што тој ден го испратиле Берлинг дома и му ги одземале клучевите.

Поради ова, Берлинг го тужел својот поранешен работодавец за дискриминација попреченост еден месец по немилиот настан и доби 150.000 долари за изгубени плати и бенефиции и дополнителни 300.000 долари за страдање, срам и губење на самодовербата.

Компанијата во која работеше Белинг, Gravity Diagnostics не одговори веднаш на барањето за коментар, но основачот и извршен директор на компанијата, Џули Бразил изјавила за VCPO дека пресудата не е факт и дека компанијата планира да ја оспори врз основа на „откривање на недолично однесување на поротник, проследено со жалба доколку е потребно“.

„Како работодавач кој ја става безбедноста на нашите вработени на прво место, имаме политика на нулта толеранција и стоиме на нашата одлука да го отпуштиме работникот кој не тужеше за прекршување на нашата политика на насилство на работното место“, додаде Бразил, според веб-страната. Во овој случај жртви биле вработените, „а не обвинителот“.

Слични содржини