Американец ги тужи креаторите на Pokemon Go

од Vladimir Zorba

zx450y250_2805749 (1)

Американец поднесе тужба против креаторите на играта Pokemon Go, пренесе Би Би Си. Причината е дека десетици “ловци” на Покемон се собирале пред вратата на неговиот дом.

Посочениот во тужбата како мотив против Niantic (компанијата творец на популарното мобилна апликација) наведува дека таа не побарала дозвола неговите објекти-што се приватна сопственост, да бидат арена. Според тужителот компанијата покажала “срамота и занемарување на предвидувањето на ефектите за луѓето во реалниот свет од виртуелната игра”.

Според Американецот играчите на Покемон се појавувале пред влезот на неговиот дом секој ден, како барем петмина од нив дури тропале по вратата.

Pokemon Go е игра за мобилни телефони со додадена реалност. Набргу по нејзиното појавување на пазарот на 6 јули таа предизвика бура, а манијата по неа доведе до случаи на апсења, несреќи и предупредувања од државните власти.

Според податоците на компанија App Annie играта и носи приходи од 10 милиони долари дневно.

Слични содржини