419
Американската амбасада во Северна Македонија вечерва информираше за средбата на помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања Џејмс О’Брајан со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
– О’Брајан потенцира дека САД силно го поддржува патот на Северна Македонија кон членството во ЕУ, како и важната улога што сите политички партии во земјата треба да ја имаат за поддршка на овој процес, се вели во објавата на „Фејсбук“.
Претходно, за средбата информираше и ВМРО-ДПМНЕ.