Американец од Северна Каролина е обвинет дека како сексуална робинка во својата куќа држел 24 годишна девојка и нејзиното бебе и дека ја принудувал на сексуални односи.
Џејмс Браун Питерсон (54) е уапсен откако пред нејзиниот дом грабнал 24 годишна девојка со бебето, ги ставил во неговиот камионет и потоа ја држел девојката како сексуална робинка.
Мајката и бебето биле спасени од куќата на грабнувачот во местото Вилард , во Северна Карилина , откако таа успеала во еден момент да и телефонира на полицијата.
Од полицијата соопштуваат дека девојката била киднапирана еден месец , а за тоа време киднаперот ја силувал , користејќи електришен шокер или и се заканувал со пиштол.
По апсењето , Питерсон бил пуштен до почетокот на судскиот процес со кауција од 20 000 долари.
Но , откако бил извршен детален претрес во куќата , полицијата повторно го упасила и го товари за трговија со луѓе, киднапирање , присолно ропство и сексуално ропство , по што сега кауцијата му е зголемена на 2 милиона долари.