Американска сенаторка: ЕУ мора да го казни Додик, и тоа строго

од Stefanija Kuzmanovska
207 прегледи

Американската сенаторка Џин Шахин во интервју за „Гласот на Америка“ зборуваше за ситуацијата на Западен Балкан, а посебно се осврна на активностите на Милорад Додик.

За време на разговорот, Шахин нагласила дека по нејзината неодамнешна посета на регионот, се уште е најзагрижувачко прашањето за реториката на претседателот на РС, Милорад Доддик и нерешениот проблем со Србија и Косово.

„Мислам дека треба да продолжиме да ја охрабруваме ЕУ исто така да го санкционира Додик. Досега тие се двоумат да го преземат тој чекор. Мислам дека мора да го казнат, и тоа строго. Канцеларијата на високиот претставник треба да продолжи да се занимава со обидите на Додик да се поткопа Дејтонскиот договор. И сега, за првпат по осум години, брзо се формира влада и се обидува да реши некои долгорочни прашања во земјата. И жално е што Додик се обидува да го поништи тоа“, изјави Шахин за „Гласот на Америка“.

Она што исто така ја загрижило сенаторката е формирањето нова влада во Црна Гора.

„Мислам дека треба да бидеме внимателни. И треба да им кажеме дека нивната иднина не е таму. Многу сум загрижена дека некој во Црна Гора може да сподели со Владимир Путин нешто што се случува во НАТО, особено имајќи ги предвид обидите на Русија да ја собори црногорската влада. Некој би помислил дека тоа би ја загрижило секоја политичка партија во државата“, посочува таа.

Слични содржини