Американската армија до своите војници во Германија: Јадете таму каде што делат храна на сиромашни

Американската армија им препорача на своите членови стационирани во Германија да побараат помош од германските народни кујни и институции кои делат храна на сиромашните поради недостаток на плати поради блокадата на буџетот, објавија денес германските медиуми.

од Vladimir Zorba
23 прегледи

Американската армија им препорача на своите членови стационирани во Германија да побараат помош од германските народни кујни и институции кои делат храна на сиромашните поради недостаток на плати поради блокадата на буџетот, објавија денес германските медиуми.

Администрацијата на американската армија стационирана на четири локации во Баварија им даде упатства на својата веб-страница на војниците за тоа како да се справат со недостатокот на плати, чија исплата е блокирана поради спор во Конгресот околу буџетот.

Меѓу другото, се споменува и германски добротворни организации како што е „Тафел“, кои делат храна на сиромашните граѓани во сите поголеми градови.

Во Баварија моментално се стационирани околу 37.000 американски војници. Исто така, се посочуваат апликации преку кои може да се добијат информации каде да се добие храна што е пред истекување.

Според германските медиуми, американскиот гарнизон Баварија во меѓувреме ги повлече овие упатства од својата веб-страница. Во изјава за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, американската војска тврди дека упатството било наменето за цивилни службеници, од кои околу 11.000 се во Баварија.

Сепак, истиот весник наведува дека Германија се вклучила со заем од околу 43 милиони евра за покривање на платите на германските граѓани вработени во американската војска. САД влегуваат во 38-от ден од таканареченото затворање, кое ја блокираше исплатата на платите на вработените во владата.

Слични содржини