Балистички проектили истрелани од јеменските проирански бунтовници Хути погодија три трговски бродови во Црвеното Море во неделата, додека американски воен брод собори три беспилотни летала додека се бранеше од напад кој траеше неколку часа, соопшти американската војска.
Јеменските бунтовници Хути, поддржани од Иран, ја презедоа одговорноста за два напади за кои велат дека претставуваат ескалација на конфликтот на Блискиот Исток предизвикан од војната меѓу Израел и Хамас, пренесува АП.
САД најавија дека „ќе ги разгледаат сите соодветни одговори“ по нападите, особено повикувајќи се на Иран, со кој владее тензија со години поради брзото унапредување на нуклеарната програма на Техеран.