Американската влада донесе одлука: Мигрантите без документи ќе можат да се вакцинираат

од Берта Китинска
141 прегледи

Владата на САД вети пристап до вакцини против вирусот за мигранти без документи и други граѓани и дека центрите за вакцинација ќе бидат зони без обработка на имиграција, пренесува Ројтерс.

Обезбедувањето вакцини за сите лица кои живеат во САД, кога ги исполнуваат условите според локалните стандарди за дистрибуција, е морален императив и на јавното здравство, се вели во соопштението на Министерството за национална безбедност.

Изјавата е последна во низата потези со кои претседателот Џо Бајден сака да ја смени острата антиимиграциска стратегија на неговиот претходник Доналд Трамп.