Американската влада остана без финанисрање, делумно парализирани службите

од desk2
70 прегледи

Американскит Сенат не постигна договор за финансирање, па американската влада на полноќ по локално време влезе во финансиска блокада.

Демократите и републиканците не успеаја да го решат спорот за имиграција и потрошувачка па пропадна усвојувањето за продолжување на финансирањето на владата во Вашингтон. Предлог буџетот за финансирање на владата до 16 февруари не ги доби потребните 60 гласови.

Делимичната парализа ги зафати агенциите, програмите и услугите кои владата ги финансира, а вработените во агенциите и министерствата кои не се сметаат за клучни ќе престанат со работа додека Конгресот не биде во состојба да го усвои законот за федерален буџет.

Засега невозможно е да се предвиди до кога ќе потрае оваа состојба, а од Белата куќа порачаа дека демократите во Сенатот политиката ја ставиле над безбедноста, семејствата на војниците, децата и можноста земјата да им служи на сите Американци.

Трамп на Twitter објави критика за демократите пишувајќи дека сакаат илегална имиграција и слаби граници.

До последната парализа на американските институции дојде во 2013 година за време на претседателот Барак Обама и таа состојба траеше 16 дена.

Многу владини канцеларии, како и национални паркови и места на споменици, ќе бидат затворени, со оглед на тоа дека федералниот закон налага затворање на агенциите доколку Конгресот не одвои пари за нивно финансирање.

Ќе работат само службите кои се клучни како национална безбедност, поштите, контроли на летање, неопходните лекарски служби и слично.