Американски и руски претставници одржаа двочасовен состанок во Давос

Претставници на американскиот претседател Доналд Трамп и на рускиот претседател Владимир Путин вечерва одржаа состанок во т.н. Американска куќа, на маргините на Светски економски форум во Давос.

од desk4
19 прегледи

Новинар на Ројтерс забележал дека во Американската куќа влегле Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, а извор запознаен со средбата потврдил дека по нив во објектот влегол и рускиот изасланик Кирил Дмитриев.

Според претходни информации, Дмитриев оваа недела допатувал во Давос со цел да оствари средби со членови на американската делегација на маргините на форумот, што го потврдиле и повеќе извори.

По завршувањето на разговорите, кратка изјава за медиумите даде Стив Виткоф, кој оцени дека средбата поминала во позитивна атмосфера. „Сè беше многу позитивно“, изјави тој.

Слична порака упати и рускиот претставник Кирил Дмитриев, кој нагласи дека разговорите се одвиваат конструктивно. „Состаноците се конструктивни. Сè повеќе луѓе ја препознаваат исправноста на позициите на Русија“, изјави Дмитриев, пренесоа руските медиуми.

Според новинарите кои го следат форумот, средбата меѓу американските и руските претставници траела повеќе од два часа.

Американскиот претседател Доналд Трамп утре лично ќе учествува на овогодишниот Светски економски форум, откако лани се обрати преку видеоврска. Во Давос се очекува да пристигне заедно со бројна американска делегација.