Американски лекари: Коронавирусот е како лотарија

од Nikola Popovski
226 прегледи

Реакцијата на организмот на коронавирусот не може да се предвиди затоа што понекогаш и на пациентите со силен имунитет им е потребен дополнителна кислородна поддршка, изјави Марлен Каплан, лекар во една њујоршките болници.

„Заболувањето е коронавирусот е како лотарија: не можете да предвидите како некој ќе реагира“, истакна лекарот.

Каплан објаснува дека проблемот е што сè уште не е познато од одредени причини зошто некои млади имаат благи симптоми, а некои се соочуваат со респираторна слабост.

„Знаеме дека има врска со тоа колку е активен човечкиот имунолошки систем. Ако вашиот имунолошки одговор е премногу активен, имунолошкиот систем не го уништува само вирусот, туку и вашето здравје“, додава лекарот.

Според него, тој имал среќа да се опорави од коронавирусот, со кој веројатно се заразил преку некој од своите пациенти.

„Пред да ми се стабилизира мојата состојба и во случај да ме приклучеа на респиратор, сакав да оставам порака за моето семејство и моите деца и да им кажам дека ги сакам. Ако ме приклучеа, не знам колку време тоа би траело и дали ќе имав шанса да разговарам со нив. За среќа, јас сум излечен “, истакна Каплан.

Според најновите податоци, во САД, 614.224 лица биле дијагностицирани со КОВИД-19, а 26.064 починале.