Американскиот Сенат пред усвојување на закон за истополови бракови

од Stefanija Kuzmanovska
215 прегледи

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес се подготвува да одобри закон со кој ќе се признаат истополовите бракови на национално ниво, што е мерка на претпазливост против можноста Уставниот суд да ја повлече поддршката за признавање, пренесува „Ројтерс“.

Претходно минатиот месец, Сенатот го одобри таканаречениот Закон за почитување на бракот, кој беше напишан да послужи како резервна копија на пресудата на Врховниот суд од 2015 година која ги легализираше истополовите бракови на национално ниво, познат како Обергефел против Хоџис.

Тој предлог-закон ќе им овозможи на федералната влада и на одделни држави да ги признаат истополовите и меѓурасните бракови, се додека тие бракови се легални во државите каде што се склопуваат.

Слични содржини