Американско оружје кое со микробранови може да го сопре секое возило

од desk2
82 прегледи

Возилата кои служат за бегство или напад им создаваат големи проблеми на службите за спроведување на законот и редот. Затоа, американското министерство за одбрана веќе некое време развива безопасно енергетско оружје чија намена е брзо онеспособување на модерните возила.

Оружјето наречено Radio Frequency Vehicle Stopper функционира на принцип на високоенергетски микробранови, кои насочени кон погонот на возилото, создаваат пречки на електрониката и ресетирање на контролната единица, а на крај и гасење на моторот.

Radio Frequency Vehicle Stopper е безопасен за луѓето и може да запре било што – од автомобили и камиони, до глисер. Ова енергетско оружје го напојува турбина од 300 kW.

Во развој се две верзии – послаба мобилна единица која може да сопре возило на растојание од 50 метри и помоќна, стационарна, која функционира и на неколку стотини метри.

Како ова чудо функционира во пракса, погледнете во видеото:

https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=H-tNhWSLufA