Американците не избираат претседател!

од Vladimir Zorba
105 прегледи

 

 

 

Изборите за претседател на САД секогаш се спектакл!клинт

Овие избори, сигурно се едни од најинтересните во американската историја. Во трката првпат е жена – Хилари Клинтон и Доналд Трамп бизнисмен кој независно од резултатот на изборите, во најмала рака ќе остане запамтен по контроверзите.

Клинтон е сенаторка, поранешна шефица на дипломатијата и сопруга на поранешниот претседател на САД Бил Клинтон.

Трамп е милијардер кој својата империја ја темели на недвижнини.
Да беа утре изборите, Клинтон, ако се суди според истражувањата на јавното мислење, на гласачките места би излегол како победник.

Но…
Живописниот изборен систем на САД вели дека изборите се „секој прв вторник во месец ноември, по понеделникот”.

Зошто токму „по понеделник”
Како американски студент своевремено ми објаснуваа таа логика и за одредбите со кои ќе се позабавиме во овој текст.

– САД е голема земја и невозможно е да се дојде до секој гласач. Уште потешко било во времињата без развиени медиуми. Поради тоа нашите основачи (founding fathers) се одлучиле црквата да биде медиум. На миса се оди во недела и во дамнешите времиња Црквата добивала известување кога се изборите. Тогаш свештениците на мисите ја известувале паствата кога се гласа и паствата тогаш таа информација ја дистрибуирала понатаму. Затоа изборите се првиот вторник, по понеделникот во месец ноември, со цел што повеќе луѓе да знаат кога се гласа и кога се излегува на гласачките места – така ми рекоа.

Со оглед дека оваа година, вторникот првиот ден во месец ноември, на гласање ќе се излезе на 8 ноември.

Кога просечен Американец ќе излезе да глада, тој, спротивно на вообичаеното мислење, не бира претседател.

Гласачот заокружува име на еден кандидат, но конечниот збор за одлуката кој ќе биде претседател го имаат 538 обични американски државјани. Тоа тело се вика „electoral college” т.е. – изборници.

Бројот од 538 луѓе одговара на бројот на пратениците која секоја американска сојузна држава го има во американскиот парламент.

Изборниците се состануваат на првиот понеделник во декември, по средата. Така вели законот. Тие се избрани со посебен метод, сосема се обични луѓе кои тука се нашле и никогаш не се состанале заедно, туку по своите држави.

И Уставот во САД и Изборниот закон, како и законите на речиси половина сојузни држави во САД во кои тие луѓе живеат, им даваат право да гласаат поинаку од волјата на гласачите.клин ттрмап

И тоа до сега во американската историја се случило најмалку три пати.
За некој да стане претседател на Америка, тој мора да обезбеди 270 изборници. Но, ни тука приказната не се завршува, бидејќи изборникот има право да се „предомисли” и да гласа спротивно на волјата на гласачите.

– Тој закон е воведен со цел на чело на државата да не се најде будала – своевремено лаконски ми беше објаснувано.

Значи, во теоријата, Клинтон може глатко да го победи Трамп, но и исто така да изгуби на финалното гласање.

Исто може да се случи и на Трамп, можеби дури и поверојатно.
Тој својот кандидатски статус за претседател на САД го темели на исклучителен популизам и непресушен извор на скандали и грешки кои ги продуцира со геометриска прогресија.

Во модерната американска историја не се случило партија која номинирала кандидат се поотворено да заговара откажување на поддршка на тоа лице.

Сега сведочиме на жестока дебата внатре во Републиканската партија за тоа Трамп да се пушти „по вода”, а партијата да се посвети на изборите за горниот и долниот дом на американскиот парламент. Таквата расправа се објаснува со фактот дека на републиканскиот кандидат се повеќе му паѓа популарноста, а тоа се одразува и на популарноста на самата партија и нејзините шанси да ја задржи контролата над парламентот на САД.

Трамп се понервозно одговара на критиките на угледните републиканци и на либералните медиуми кои традиционално се наклонети кон Демократската партија, од каде доаѓа Клинтон.
Се поизразениот судир на Републиканците и Трамп во овој момент е во фаза на заканување со санкции.

Републиканците се закануваат не само дека ќе гласаат за Клинтон, туку и дека на Трамп ќе му откажат секаков вид на поддршка. Трамп одговара дека нема да се повлече, дека кампањата понатаму ќе ја финансира сам и дека нема да собира пари за партијата. Тој исто така додава дека во своите настапи нема ништо да менува. И овие американски избори повторно покажуваат дека САД не се тоа што мислиме, врз основ на холивудските остварувања.трамп хиларо

САД е силно поларизирана земја на прогресивци и конзервативци. Првите се погласни и не премногу бројни. Вторите се таинствени и прилично вредни во извршување на своите граѓански должности, вклучувајќи го и гласањето.

Од таа страна, пак Трамп би можел и сега, а и на 8 ноември да влезе на изборите сосема растоварен. Но, конзервативната, затворена САД и ден денес, на пример Русија ја смета за непријател бр. 1.

Тој момент кога Трамп во жарот на изборниот настап ја повика Русија да се вмеша во американската политика и изборите, си заби досега најголем автогол.

Ако во догледно време не се поправи, иако ќе му биде ѓаволски тешко, изборниците нема да мора да се „мачат” да променат било што и Клинтон ќе влезе во Белата куќа без проблем, правејќи не само преседан што за прв пат во историјата на САД на чело на државата ќе биде жена, туку и дека по осум години во Белата куќа ќе остане кандидатот на една партија.

Во модерно време исклучително било ретко или Републиканската или Демократската партија да има претседател на САД подолго од осум години.