Американците неделава воведуваат санкции за Русија поради Навални?

од Vladimir Zorba

Оваа недела се очекува САД да воведат санкции за Русите, поврзани со труењето на опозиционерот Алексеј Навални.

Во извештајот се наведува дека три извори ја потврдиле оваа информација денес, но тие одбиле да идентификуваат за кои руски државјани станува збор, пренесе Ројтерс.

Стејт департментот не ја коментираше најавата за воведување санкции, а висок експерт на ООН за човекови права оцени денес дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп е одговорен затоа што тој не сторил ништо за да ги казни Русите кои се одговорни за обидот за ликвидација на Алексеј Навални, пренесува Танјуг.

Американскиот претседател Џо Бајден минатиот месец оцени дека апсењето на Навални по враќањето од лекувањето во Германија е „политички мотивирано“ и побара тој да биде ослободен.

Бајден, исто така, повика на поостар однос кон Русија и најави дека Вашингтон повеќе нема да „врти глава“ пред агресивните активности на Кремљ.

Слични содржини