Анадолу Ефес ја прекина победничката низа на Црвена Звезда

од Vladimir Zorba
70 прегледи

 

Екипата на Анадолу Ефес ја прекина серијата од седум победи во низа на белградска Црвена Звезда во кошаркарската Евролига.

Во последниот натпреар, со кој беше комплетирано 21. коло во Евролигата, Анадолу Ефес на гостувањето во Белград ја совлада Црвена Звезда со 86-72.

И на другите два натпревари што беа одиграни синоќа победи забележаа гостинските екипи. Реал Мадрид го доби шпанското дерби против Басконија со 79-71, додека во Истанбул, Панатинаикос беше подобар од Галатасарај со 84-79.

На натпреварите одиграни ден претходно беа постигнати овие резултати:

Уникс Казан – Олимпијакос 75:90,

Жалгирис – Барселона 89:85,

Фенербахче – ЦСКА Москва 77:71,

Бамберг – Макаби 90:75 и

Милано Армани – Дарушафака 89:87.

Табела: Реал Мадрид 16-5 (победи-порази), ЦСКА Москва 15-6, Олимпијакос 15-6, Фенербахче 14-7, Црвена Звезда 12-9, Панатинаикос 12-9, Басконија 12-9, Анадолу Ефес 10-11, Дарушафака 10-11, Жалгирис 9-12, Бамберг 8-13, Барселона 8-13, Уникс 7-14, Макаби 7-14, Милано Армани 7-14, Галатасарај 6-15./МИА