Аналитичарот Шала за „Локално“: Враќањето на Трамп во Белата куќа ќе значи неотстапување од безбедноста и мирот за регионот

од Nikola Popovski
173 прегледи

Веста дека американскиот демократски претседател Џо Бајден, по неколкунеделен внатрепартиски притисок, одлучи да се повлече од изборната трка, стави крај на приказната, која заедно со обидот за атентат на републиканецот Доналд Трамп, беше главна тема на американската јавност, но и светската јавност во последните недели.

Во исто време, одлуката на Бајден го отвори прашањето дали тој како претседателски кандидат ќе биде заменет од Камала Харис, актуелниот потпретседател на САД, како и дали демократите имаат доволно време да ја реорганизираат кампањата и да ги зголемат шансите за победа во ноември. Откако ја објави својата одлука за повлекување, Бајден набрзо ја поддржа Харис како демократски претседателски кандидат, а многу други влијателни членови на партијата го направија истото уште во текот на неделата.

Веста за повлекувањето на Бајден беше во центар на вниманието и на Западен Балкан, особено на Косово. „Локално“ поразговара со дел од косовските аналитичари со цел да дознаеме како таму се гледа кон актуелниот американски претседател, но и што се мисли во однос на предноста на Трамп на анкетите и неговата се поизвесна победа. Експертот за безбедност, Дризан Шала посочува дека политичките настани во изборниот процес во САД несомнено ќе имаат директно влијание врз многу геополитички/геостратешки процеси, но конечниот производ од тие два процеса ќе остане за анализа која политичка идеологија во САД ќе го преземе мандатот во Белата куќа.

Политичките настани во изборниот процес во САД несомнено ќе имаат директно влијание врз многу геополитички/геостратешки процеси, но конечниот производ од тие два процеса ќе остане за анализа која политичка идеологија во САД ќе го преземе мандатот во Белата куќа.

-Врз основа на она што може да се утврди во оваа фаза, може да се каже дека вака тензичен изборен процес од размерите што ги гледаме не се случил во американската историја, а изненадувачки е со оглед на можното влијание на Русија, Кина и Иран дека политички конфликт меѓу демократите и републиканците може да се обиде да се искористи дури и по изборите, туркајќи ја Америка во можна социјална и политичка криза, посочува експертот за во разговор за нашата редакција.

Оттаму, вели тој, можеме да кажеме дека овие американски избори ќе ја одредат геополитичката иднина на светот во период од 20 години.

Што се однесува до влијанието во регионот на Западен Балкан, Шала вели дека во периодот на мандатот на Трамп во Белата куќа, Косово имаше најголема поддршка досега со конкретизирање на т.н. „Вашингтонски договор“, кој беше насочен главно кон подобрување на политичкото прашање меѓу Приштина и Белград преку економски развој и нивно приближување.

-Но, регионалната безбедност опаѓа и е на негативна траекторија, и покрај меѓународниот притисок за одржување на статус кво во Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Северна Македонија, додава соговорникот од Косово.

Затоа, потенцира Шала, со враќањето на Трамп во Белата куќа, политичкиот процес и стабилноста ќе се гарантираат со неотстапување од безбедноста и мирот за регионот, а со тоа ќе се затвори прашањето за северот преку зачувување на конзистентноста на државата Косово во нејзините граници.

Во септември 2020 година, додека Трамп беше на чело на САД, во Белата куќа беше потпишан економски договор меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и тогашниот косовски премиер Авдулах Хоти. Според договорот, се предвидуваше Приштина, меѓу другото, да се приклучи на иницијативата за „мини Шенген“ и без одлагање да започне изградбата на нови патишта и пруги, што подобро ќе го поврзе регионот, а во Белград да биде отворена канцеларијата на Американскиот фонд за развој.

Тогашниот американски претседател тогаш рече дека договорот за економско нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина е историски и дека „со нетрпение очекува да ги посети двете земји во не толку далечна иднина“.

Белград и Приштина објавија дека ги нормализирале економските односи во рамки на преговорите, со посредство на САД, што предвидува преместување на српската амбасада во Ерусалим и признавање на Приштина од Израел.

По дводневните состаноци со претставници на администрацијата на Трамп, Вучиќ и Хоти се согласија да соработуваат за голем број економски прашања со цел да се привлечат инвестиции и да се отворат нови работни места.

Договорот ги обврзуваше Косово и Србија да градат патни и железнички врски што ќе ги поврзуваат нивните престолнини со цел да се подобри протокот на стоки и луѓе, развој што може да привлече западни инвестиции. Исто така, го обврзуваше Косово да се приклучи на иницијатива без пасоши и без давачки, што треба да ги вклучи Албанија, Србија и Македонија.

Договорот од 4 септември 2020 година вклучуваше и едногодишен мораториум на кампањата за признавање на Србија против Косово, но и на обидите на Косово да им се приклучи на меѓународните организации.

Н.П.

Слични содржини