Анархистите предизвикаа инциденти на протестот поради железничката несреќа во Атина

од Vladimir Zorba

На тивкиот протест во центарот на Атина, во спомен на жртвите од железничката несреќа кај градот Лариса, група анархисти предизвикаа инциденти, поради што полицијата мораше да реагира, пренесе „Прото тема“.

Според грчкиот портал, маршот од Пропилеа до плоштадот Синтагма започнал во 19 часот. Насобраните пред зградата на парламентот запалија свеќи во спомен на жртвите. По мирна молитва и палење свеќи, дојде до судир меѓу полицијата и демонстрантите.

Група анархисти со качулки фрлаа факели и камења кон споменикот на Непознатиот војник, поради што полицијата употреби солзавец за да ги растера. Не долго потоа, по 20:30 часот, плоштадот Синтагма и околните улици беа претворени во бојно поле.

Слични содржини