Анчелоти: Модриќ не потпиша нов договор со Реал

од Vladimir Zorba

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ не потпишал нов договор со Реал Мадрид, изјави во средата тренерот на клубот Карло Анчелоти, отфрлајќи ги медиумските извештаи кои тврдат дека е постигнат договор во последните недели.

„Тој сè уште не потпишал, но практично има доживотен договор со Реал Мадрид“, изјави Анчелоти за телевизијата „Мовистар“ пред полуфиналниот натпревар од Суперкупот на Шпанија со Барселона.

Модриќ, најстариот играч на Реал Мадрид со 36 години, се надева дека ќе го продолжи договорот, кој истекува на 30-ти јуни. Последен пат го продолжи договорот на 25 мај 2021 година на една година.

Анчелоти во последните месеци јавно ги пофали настапите на хрватскиот играч за врска и го одржува во стартниот состав.

Модриќ настапува за „Кралскиот клуб“ од август 2012 година, а претходно изјави дека таму би сакал да ја заврши играчката кариера. Сезонава настапи на 20 натпревари на кои забележа пет асистенции.

Реал Мадрид е водечки тим во шпанското првенство со пет бода повеќе од второпласираната Севиља.

Слични содржини