Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти верува во успех, иако неговиот тим во моментов е последен кој влегува во плеј-офот.
Италијанецот гостуваше во шпанско радио и по тој повод објави нешто што ги воодушеви навивачите на Реал Мадрид.
Реал по пет одиграни кола има само две победи и дури три порази, се наоѓа на 24. место од 36 екипи, на последната позиција која води во плеј-офот.
На Реал му требаат најмалку седум бода во преостанатите три натпревари. Мадрид до крајот на лигата ќе игра против Аталанта, Салцбург и Брест.
Во екот на ваквата криза Анчелоти зборуваше за шпанското радио „Ел Ларгуеро“, односно пораката на „кралевите“ ја пренесе Алберто Керути. Според него, Анчелоти најавил дека Реал Мадрид ќе биде во финалето на Лигата на шампионите.
„Можете да кажете што сакате за Реал Мадрид. Сепак, најважно е дека Реал Мадрид и оваа година ќе игра финале во Лигата на шампионите“, изјави Анчелоти.
Италијанецот се осврна и на моменталната кадровска ситуација во тимот.
„Бројот на повреди е неверојатен, но тоа не е вина на играчот, ниту некој друг“, кратко прокоментира Анчелоти.
Дури шест играчи нема да играат против Хетафе викендов. Мечот ќе го пропуштат: Давид Алаба, Едуардо Камавинга, Дани Карвахал, Едер Милитао, Родриго, Чуамени и Винисиус.