Андоновски: Не споделувајте лични податоци преку Телеграм и Вибер

од Даниел Ѓорѓиевски
95 прегледи

Преку објава на социјалните мрежи, Министерот за дигитализација, Стефан Андоновски предупреду дека бројни корисници на мобилните апликации Телеграм и Вибер денеска пријавиле добивање на сомнителни пораки. Во овие пораки се бара верификација на лични податоци, податоци од дебитни картички или SIM и IMEI броеви, што претставува потенцијален обид за измама.

„Апелирам да се проверуваат испраќачите на овие пораки и во ниеден случај да не се споделуваат лични информации и банкарски броеви, како што се број на лична карта, трансакциска сметка или број на кредитна картичка“, напиша  Андоновски.

Андоновски посочи дека сајбер-безбедноста зависи од вниманието на секој поединец, па затоа е важно граѓаните да бидат претпазливи и да не наседнуваат на вакви измамнички пораки.

Слични содржини