Ангелов: Синофарм е безболна вакцина, организацијата е одлична

од Nikola Popovski

Директорот на ЦУК и претседател на Достоинство, Стојанче Ангелов објави на социјалните мрежи дека денес се вакцинирал против коронавирус.

„ Денес, во согласност со националниот план за имунизација, ја примив првата доза од кинеската вакцина “Синофарм“. Одлична организација, љубезен медицински и помошен персонал, безболна вакцина“, се огласи Ангелов.

Според процесот на имунизација што го најави министерот Филипче, во периодот што следува ќе се вакцинираат членовите на Владата, министрите и останатите функционери. Денес истото го стори и вицепремиерот Љупчо Николовски, а неодамна се вакцинираа и премиерот Заев, министерот Филипче и владиниот секретар Зекири.

Слични содржини