Ангеловски со значително подмладен состав за натпреварот против Шпанија

од desk3
105 прегледи

Македонската фудбалска репрезентација на 12 ноември во Гранада против Шпанија ја очекува нов дуел во квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година. Селекторот Игор Ангеловски се одлучи за значителни промени во однос на играчкиот кадар кој ќе им се спротивстави на силниот домаќин.

igor_angelovski_onlerinde_egiliyorum_h5371_40333

Во составот на А репрезентацијата на Македонија за дуелот со Шпанија се повикани седуммина фудбалери од репрезентацијата до 21 година која избори пласман на Европското првенство во Полска идната година. Ангеловски ја остава отворена можноста да прати дополнителен повик за уште некој играч по завршувањето на саботното коло од македонскиот шампионат.

На списокот се наоѓаат следниве фудбалери:

Голмани: Игор Алексовски (Вардар), Столе Димитриевски (Гимнастик, Шпанија), Филип Гачевски (Вардар);

Одбрана: Стефан Ристовски (Ријека, Хрватска), Леонард Жута (Ријека, Хрватска), Даниел Мојсов (АЕК Ларнака, Кипар), Ванче Шиков (Нефчи, Азербејџан), Кире Ристевски (Вашаш, Унгарија), Ѓоко Зајков (Шарлроа, Белгија), Дарко Велковски (Вардар);

Среден ред: Ферхан Хасани (Шкендија), Стефан Спировски (Вардар), Никола Ѓорѓев (Грасхоперс, Швајцарија), Езџан Алиоски (Лугано, Швајцарија), Бобан Николов (Вардар), Енис Барди (Ујпешт, Унгарија), Давид Бабунски (Црвена Звезда, Србија);

Напад: Горан Пандев (Џенова, Италија), Илија Несторовски (Палермо, Италија), Бесарт Ибраими (Шкендија), Кире Маркоски (Работнички).

Собирот на репрезентативците е закажан за 7 ноември во Скопје./MИА