Англија: Деветгодишно девојче избодено со нож

од Stefanija Kuzmanovska

Деветгодишно девојче починало откако било избодено со нож во центарот на Бостон, Велика Британија, јавува Би-би-си.

Сè се случило вчера околу 18:20 часот по локално време. Екипите на судска медицина се на терен, а местото на настанот се уште го обезбедува полиција.

Конзервативниот пратеник за Бостон и Скегнес, Мет Варман, рече дека бил во контакт со министерот за полиција.

„Разговарав со високи службеници на локално ниво и сум исклучително благодарен за работата на службите за итни случаи. Исто така, бев во контакт со министерот за полиција Том Персглов за да се осигурам дека секоја национална помош што може да биде корисна ќе биде достапна што е можно поскоро“, рече Варман.

Слични содржини