Англиска пресметка во четвртфиналето од ЛШ, Јувентус го доби шампионот Реал

од Vladimir Zorba

Познати се четвртфиналните двојки во најквалитетното клупско континентално фудбалско натпреварување – Лигата на шампиони. Жрепката сакаше во оваа фаза да се сретнат двете екипи од Англија, додека бранителот на трофеј ќе игра со Јувентус во реприза на ланското финале.

Барселона ја доби Рома, додека третиот шпански клуб Севилја ќе игра против Баерн Минхен.

Двојки за 1/4финалето во ЛШ на УЕФА:

Барселона – Рома
Севилја – Баерн Минхен
Јувентус – Реал Мадрид
Ливерпул – Манчестер Сити

Првите средби се закажани на 3 и 4 април, додека реванш дуелите се на 10 и 11 април.

Слични содржини