Анѓушев: „За мене се прифатливи Северна, Горна или Нова Македонија“

од desk4
190 прегледи

Македонија треба да биде членка на ЕУ и НАТО. Сите предуслови за тоа да можете да го направите е да најдете решение и компромис за името. Јас сакам и сум свесен дека тоа мора да се реши. Северна Горна или Нова Македонија, тоа народот ќе си каже. За мене и Северна и Горна и Нова е прифатливо решение, изјави Анѓушев, чиј став го цитира АлсатМ.

„Оваа Влада има капацитет и отвореност да разговара на оваа тема, гледаме дека има позитивни сигнали и меѓународната заедница, вклучително и од грчката страна. Она што сакам да го кажам е дека црвената линија која што не треба да се попушти е идентитетот, македонскиот идентитет, јазикот и т.н. и дека за името треба да направиме една одредница којашто ќе биде интернационално прифатливо. Значи јас сум на мислење дека треба да се реши тоа прашање. Северна Горна или Нова Македонија, тоа народот ќе си каже. За мене и Северна и Горна и Нова е прифатливо. – вели Кочо Анѓушев, Вицепремиер за економски прашања