„Анима мунди“: Да се забрани непреченото размножување на домашните животни

од Vladimir Zorba

 Здружението за заштита на животни „Анима мунди“ преку реакција испратена до медиумите се огласи за смртта на четиригодишното детенце кое по неколкудневните обиди за спасување на неговиот живот, тоа им подлегна на повредите.

Оттаму изразуваат длабоко сочувство до семејството на малиот Џеваир и додаваат дека повеќе од кога и да е чувствуваат потреба повторно да го посочат причинителот на зголемениот број на бездомни кучиња кои се на улиците, но не по своја вина.
„Најголем причинител за бездомни животни е човекот, кој ги размножува неконтролирано, потоа исфрла на улица. Сетто тоа е игнорирано, поминува неказнето од страна на институциите и неминовно води до продлабочување на проблемот. Тука лежи примарната одговорност“, стои во реакцијата на здружението и додааат:
„Со цел сеопфатно третирање и решавање на проблемот со прекубројноста на кучињата, предлагаме и воведување забрана за непречено размножување на домашни животни и применлив систем на санкции во случај на неодговорно сопствеништво“, се вели во реакцијата на „Анима мунди.“

Слични содржини