Aнкета: Името и идентитетските прашања влијаат на перцепцијата за ЕУ

од desk2

Името и идентетските прашања силно влијаат на перцепцијата на граѓаните за членството во ЕУ, покажува дебатната анкета за придобивките и предизвиците од членството на Македонија во ЕУ спроведена од Институтот за европска политика.

Истражувањето е спроведено од 1 до 7 ноември 2017 година кога се анкетирани 1.200 испитаници, како и на 18 и 19 ноември кога се анкетирани 150 по организиран дебатен настан за членството во ЕУ, името и идентитетските прашања.

Пред дебатата, 30 проценти целосно се противат на интеграцијата во ЕУ поради стравот од промена на националниот идентитет додека после дебатата таа бројка се намалува на 19,6 проценти. Резултатите од анектата покажуваат дека пред дебатата 28 проценти од испитаниците силно ја поддржуваат промената на уставното име доколку името Македонци и македонски јазик се загарантирани, додека по дебатата поддршката се зголемува на 40,9 проценти.

Ставот против промена на уставното име за членство во ЕУ останува, бележи мала промена, па така пред дебатата против промената на уставното име се 31,4 проценти, а по дебатата 32,9 проценти.

Александар Јовановски од ЕПИ, на денешната презентација на резултатите, посочи дека дебатната анкета ги прикажува преференците и мислењата на граѓаните пред и подетално запознавање со темата.

По дебатната анкета, 63,7 проценти од анкетираните целосно го поддржуваат членството во ЕУ наспроти 52,2 проценти пред дебатата. Интересно е дека по дебатата 5,3 проценти од анкетираните рекле дека Македонија целосно ги исполнува демократските критериуими за влез во ЕУ наспроти 11,5 проценти пред дебатата.

loading...

Слични содржини