Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп и неговата демократска ривалка, актуелната потпретседателка Камала Харис, се изедначени во последните недели пред изборите, покажува националната анкета спроведена од Њујорк Тајмс и колеџот Сиена.
Трамп води со еден процентен поен – 48 наспроти 47 отсто пред Харис, покажува анкетата објавена во неделата, што е минимална разлика и што носи се поголема неизвесност во пресрет на изборите во ноември.
Иако кампањата на Трамп помина низ релативно тежок период откако демократскиот претседател Џо Бајден се откажа од трката во јули, најновите анкети покажуваат дека тој сè уште има поддршка од редовните поддржувачи.
Анкетата покажа дека гласачите чувствуваат дека треба да знаат повеќе за Харис, додека нивните мислења за Трамп се веќе формирани.
Во анкетата, 28 отсто од потенцијалните гласачи рекле дека им се потребни повеќе информации за демократскиот кандидат, додека само 9 отсто го кажале истото за Трамп. Анкетата покажува и дека претседателската дебата што ќе се одржи во вторник би можела да претставува клучен момент.
Харис ќе има шанса да даде повеќе детали за нејзините политички планови додека дебатира за Трамп 90 минути. Анкетата покажува дека трката е толку блиска што дури и маргиналниот поттик за кој било од кандидатите може да значи многу.
Откако летото Харис го замени Бајден на врвот на демократскиот билет, таа започна жестока кампања, но ги ограничи своите јавни настапи и интервјуата со медиумите ги сведе на минимум.
Клучните бројки од последното истражување се слични на последната споредлива анкета на Њујорк тајмс и колеџот Сиена, објавена кон крајот на јули.
А според таа анкета Трамп бил во плус за еден процент. Анкетите во седум клучни држави, кои веројатно ќе го одредат победникот на изборите, исто така постојано покажуваат многу тесни маргини.
Во анкетата, 28 отсто од потенцијалните гласачи рекле дека им се потребни повеќе информации за демократскиот кандидат, додека само 9 отсто го кажале истото за Трамп. Анкетата покажува и дека претседателската дебата што ќе се одржи во вторник би можела да претставува клучен момент.
Харис ќе има шанса да даде повеќе детали за нејзините политички планови додека дебатира за Трамп 90 минути. Анкетата покажува дека трката е толку тесна што дури и маргиналниот поттик за кој било од кандидатите може да значи многу.
Откако летото Харис го замени Бајден на врвот на демократската листа, започна жестока кампања, но ги ограничи своите јавни настапи и интервјуата со медиумите ги сведе на минимум.
Клучните бројки од последното истражување се слични на последната споредлива анкета на Њујорк тајмс и колеџот Сиена, објавена кон крајот на јули Според таа анкета Трамп бил во плус за еден процент. Анкетите во седум клучни држави, кои веројатно ќе го одредат победникот на изборите, исто така постојано покажуваат многу тесни маргини.