Анксиозноста поради короната придонесе за нова фобија – коронафобија

од Stefanija Kuzmanovska
674 прегледи

Истражувачите идентификуваа нов вид фобија поврзана со коронавирусот. Овој вид на анксиозност има три изразени компоненти: постојана грижа, преокупација со грижи и стравови и избегнување на другите.

Поимот коронафобија се користи за да се опише стравот од ковид кој попречува нечиј секојдневен живот. И иако сè уште не е официјална дијагноза, тоа е дефинитивно состојба која ја доживуваат луѓето.

Се смета дека името на нарушувањето потекнува од студија објавена во Asian Journal of Psychiatry во декември 2020 година. Истражувачите идентификуваа три компоненти на овој специфичен вид на анксиозност: постојана грижа (што предизвикува симптоми како што се тахикардии, промени во апетитот и вртоглавица), преокупација со грижи и стравови и „избегнувачко“ однесување, а сето тоа е директно поврзано со заразување или ширење на Ковид.

Лицата со коронафобија можат да избегнуваат одење на јавни места, допирање површини или влегување во затворени простории со други луѓе, дури и ако тоа се смета за мал ризик. Тие, исто така, веројатно ќе покажат прекумерно повторување на однесувањата како што се миење раце или чистење. Истражувачите објаснуваат дека коронафобијата „може да го наруши целокупниот квалитет на секојдневното функционирање на индивидуата“. Со други зборови, може да го преземе секојдневниот живот на една личност. Според студијата од февруари 2021 година, едно лице со коронафобија ја чистело маската за лице со метанол три пати на ден – што го направило сериозно болен по вдишување на опасните честици.

Добрата вест е дека, како и другите анксиозни нарушувања, коронафобијата може да се третира. Ова може да се постигне преку Когнитивно бихевиорална терапија (КБТ), а со тоа се решаваат слични фобии околу чистотата и микробите, пишува Metro.co.uk.

 

Слични содржини