„Анонимус“ објави видео порака специјално за руските граѓани: „Отстранете го Путин од власт“

од Vladimir Zorba

Хакерската група „Анонимус“ преку Твитер објави нова порака, специјално дизајнирана да допре до руските граѓани, во која наводно ги повикува Русите да застанат против Путин и да го тргнат од власт.

Според преводот што го нудат различни коментатори на Твитер, маскираниот член на „Анонимус“, меѓу другото, вели:

„Заробени сте зад железната завеса на пропагандата, а вашата влада се обидува да ве спречи да бидете дел од меѓународниот разговор, од страв од тоа што би можеле да дознаете.

Режимот на Владимир Путин врши воени злосторства со својата неодамнешна инвазија на Украина, која предизвика огромна бегалска криза и безброј смртни случаи.

Ситуацијата во која се наоѓате е ужасна, но вашата единствена опција да го спречите претстојниот економски колапс и потенцијалната светска војна е да преземете акција за да се спротивставите на војната и режимот на Владимир Путин.

Путин го жртвуваше руското население. Во овој момент, најмирниот начин на кој би можел да заврши овој конфликт би бил народот на Русија да се крене против Путин и да го отстрани од власт“.

Слични содржини